Достапни линкови

logo-print

Нови воздушни напади врз Исламската држава во Сирија


Коалицијата предводена од Соединетите Држави изврши нови воздушни напади врз цели на Исламската држава околу границата со Сирија и градот Кобани, откако милитантите на Исламската Држава ја зголемија офанзивата во градот со доминантно курдско население. Сириските активисти соопштија дека до рациите во текот на ноќта дошло откако силите на Исламската Држава фрлија десетици гранати кон стратегискиот град вчера.Борбите околу градот Кобани предизвикаа егзодус на околу 300.000 луѓе во изминатите неколку недели. Во меѓувреме, денеска беше објавено видео во кое е прикажано обезглавувањето на уште еден британски заложник.Британскиот премиер Дејвид Камерун изјави дека убиството е непростливо и вети дека ќе направи се за да се најдат виновниците и да бидат изведени пред лицето на правдата.

XS
SM
MD
LG