Достапни линкови

logo-print

Парламентарни избори во Латвија


Во Латвија денеска се одржуваат парламентарни избори кои се проследени со загриженост за бунтовничката Русија и сојузничката партија на Кремљ популарна со големото руско малцинство во земјата. Руската анексија на Крим и вклучувањето во источна Украина предизвика тревога во Латвија, земја членка на НАТО, ЕУ и еврозоната. Во анкетите за јавното мислење владејачка централно-десничарската коалиција со четири партии на премиерот Лаимдота Страујума се појавува како најверојатен победник на изборите. Шеесет и три годишниот технократ Страујума, повика повеќе војници на НАТО и дополнителни воздушни патроли во овој регион кој се граничи со Русија. На неодамнешниот самит во Велс, НАТО вети дека ќе го зголеми своето присуство во балтичките земји. Во меѓувреме, поддршката за левичарската опозициска партија Хармонија, главно поддржана од страна на етнички руското малцинство кое сочинува една четвртина од населението, се движи 18-24 отсто. Хармонија е во сојуз со партијата на рускиот претседател Владимир Путин, Обединета Русија.

XS
SM
MD
LG