Достапни линкови

logo-print

Родено првото бебе од трансплантирана матка


Триесет и шестгодишна Швеѓанка стана првата жена во светот која се породи откако и била изврешена трансплантација на матката. Жената е родена без матка октомври, иако нејзините јајници биле непроменети. Во операцијата спроведена од страна на лекарите на Универзитетот во Гетеборг, нејзе и била донирана утроба од 61-годишен семеен пријател. Една година по трансплантацијата, докторите вградиле замрзнат ембрион и ја следеле бременоста. Машкото бебе е родено предвреме, во септември, речиси 32 недели од бременоста. Бебето тежи 1800 грама. И мајката и детето се во добра здравствена состојба. Таткото на момчето изјави дека неговиот син не се разликува од сите други деца, но дека тој ќе има добра приказна за раскажување.

XS
SM
MD
LG