Достапни линкови

Судири меѓу демонстрантите и полицијата во Хонг Конг


Демонстрантите и безбедносните сили денеска се судрија во Хонг Конг, а полицијата употреби и палки против некои демонстранти. Толпата од 10.000 луѓе се појави по вчерашниот напад од страна на толпа која се противи на про-демократските протести и која наводно е во организација на провладините сили. Полицијата на Хонг Конг соопшти дека уапсила 19 осомничени членови на криминални банди во текот на нападот. По нападот, лидерите на протестот ги откажаа закажаните разговори со владата во Хонг Конг. Демонстрантите се на улиците веќе една недела што е најголемиот предизвик за властите во Пекинг откако поранешната британска колонија беше предадена назад кон кинеската власт во 1997 година Тие бараат пресврт на неодамнешната одлука според која кандидатите за првите избори за лидер на Хонг Конг во 2017 година мора да бидат одобрени од страна на Комитетот кј се смета за лојален на властите на Пекинг.

XS
SM
MD
LG