Достапни линкови

logo-print

Исламската Држава обезглави уште еден заложник


Во најновото видео објавено на интренет на 3 октомври се покажува како припадник на милитантната група Исламска држава го обезглавува британскиот заложник Алан Хенинг. Хенинг, таксист и волонтер за помош, се приклучил на конвојот за помош и бил однесен во заробеништво на 26 декември, набргу по преминување на границата меѓу Турција и Сирија. Советот за безбедност на ОН "остро го осуди грозоморното и кукавичко убиство. Премиерот Дејвид Камерон изјави дека Велика Британија ќе стори сé што може да ги фати овие убијци и да ги изведе пред лицето на правдата. Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Соединетите Држави остро го осудуваат бруталното убиство на Хенинг . На видеоснимката, која личи на другите видеа во кои беа прикажани обезглавувања, заврши кога маскиран припадник на Исламската Држава му се заканува на човек кого тие го идентификуваат како Американец, Питер Касинг. Исламската Држава претходно ги објави видеата на кои се прикажани обезглавувањата на двајцата американски новинари - Џејмс Фоли и Стивен Сотлоф и британскиот државјанин Дејвид Хејнс.

XS
SM
MD
LG