Достапни линкови

logo-print

Ердоган противник на интернетот


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека станува се поголем противник на интернетот.
- Од ден на ден станувам се поголем противник на интернетот, изјави Ердоган на средба со претставници на Комитетот за заштита на новинарите и на Меѓународниот институт за пачатот.
Ердоган оцени дека интернетот се повеќе го користат криминални и терористички организации, посочувајќи ја при тоа како пример џихадиситчката група Исламска држава, која, според него, врбува приврзаници преку глобалната мрежа.
Оваа не е првпат Ердоган да го критикува интернетот и социјалните мрежи, а по негова иницијатива беше усвоен и закон за засилена владината контрола врз интернетот во Турција и за проширување на надлежностите на Дирекцијата за телекомуникации.

XS
SM
MD
LG