Достапни линкови

Лавров и Кери разговарлае за Украина


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска разговарал со неговиот американски колега Џон Кери за „потребата“ да се одржи прекинот на огнот во источна Украина, соопштува руското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се наведува дека Лавров повикал на „строго придржување“ до договорот за прекин на огнот потпишан на 5 септември во Минск, како и на запирање на бомбардирањето на станбените области во Доњецк, кој е под контрола на проруските сепаратисти.

Десетици цивили беа убиени во и околу Доњецк изминатата недела, вклучувајќи и еден вработен во Црвениот крст кој загина во гранатирање вчера. Сепаратистите го гранатираат и се обидуваат да до заземат аеродромот во Доњецк кој е под владина контрола. Украинската влада и сепаратистите меѓусебно се обвинуваат за смртта на швајцарскиот хуманитарец. Русија соопшти дека тој бил убиен од украинските владини сили.

XS
SM
MD
LG