Достапни линкови

Државата ќе ги тестира и студентите


Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми денеска најави две новини кои се планираат во високото образование – државен испит по втора и четврта година на студиите и приемен испит за странски студенти.

Државниот испит ќе важи за сите студенти и од државните и од приватните универзитети. Испитот ќе се спроведува двапати – првиот кога ќе завршат втора година и ќе имаат прашања од сите предмети кои дотогаш ги полагале, и по четврта година со прашања од трета и четврта година.

„Ако студентот не положи по втора година да знае дека не може да продолжи понатаму, да не троши време, ниту пари“, рече Адеми.

Според него, овој начин на проверка ќе биде различен од екстерното тестирање во оснивното и средното образование, а испитот ќе го спроведува тело кое ќе биде дефинирано со планираните измени на Законот за високото образование.

Втора новина е воведување приемен испит од идната академска година за странските државјани кои сакаат да студираат во Македонија, поради големиот интерес.

XS
SM
MD
LG