Достапни линкови

logo-print

Брамерц уверен дека Караџиќ ќе добие доживотен затвор


Главниот обвинител на Хашкиот трибунал, Серж Брамерц изрази увереност дека поранешниот политички лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ ќе биде осуден на доживотна казна затвор.

Во интервју за сараевскиот весник „Дневни аваз“, Брамерц изјави дека е задоволен од бројот и квалитетот на доказите, кои Обвинителството ги доставило за време на судскиот процес против поранешниот претседател на Република Српска.

„Жалам што Караџиќ се криеше 12 години и жртвите чекаа премногу долго за задоволување на правдата“, изјави Брамерц.

Во завршните зборови на процесот, Обвинителството побара доживотна казна затвор, а Караџиќ, кој се брани сам, истакна дека очекува да биде ослободен од обвиненијата.

XS
SM
MD
LG