Достапни линкови

logo-print

Министерството за образование ќе ги разгледува синдикалните барања


Министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми соопшти дека со претседателот на СОНК Јаким Неделков се договорил да формираат одделни групи за секоја точка од барањата на СОНК и во рок од две до три недели повторно да се сретнат. До ова доаѓа откако во неделата беше постигнат договор најавениот штрајк да се стави во мирување и да се интензивираат разговорите меѓу двете страни.

Ако во меѓувреме се формираат, работните групи ќе почнат да ги разгледуваат барањата од следната седмица.

„В понеделник или вторник, доколку добиеме конкретни предлози од СОНК за составот на работните групи, следната недела ќе продолжат работните групи да работат за сите точки, освен за покачување на платите, за што јавно кажавме дека нема буџетски можности тоа да се прифати. Се надевам дека ќе се усогласиме за некое од нивните барања и сето тоа што ќе биде усогласено, ќе биде внесено во првата наредна измена на законите“, рече Адеми на денешната прес-конференција.

XS
SM
MD
LG