Достапни линкови

logo-print

Шведска ќе ја признае Палестина


Новата шведска централно-левичарската влада планира да ја признае Палестина, соопшти денеска премиерот Стивен Лофвен за време на неговото инаугуративно обраќање во парламентот.

Според него, конфликтот меѓу Израел и Палестинците, единствено може да се реши ако двете држави преговараат во согласност со меѓународното право.

Со овој потег Шведска ќе биде првата европска земја која додека е членка на ЕУ ја признава палестинска држава.
Неколку членки на ЕУ, вклучувајќи ги Унгарија, Полска и Словачка, ја признаа Палестина, но тие го сторија тоа пред да се приклучи на Унијата.

XS
SM
MD
LG