Достапни линкови

logo-print

Со отворањето на изложбата „Столетие, Василие Поповиќ – Цицо (1914 – 2014)“, во сабота, на 4 октомври, во 20 часот, во Националната галерија на Македонија – Даут Пашин амам, ќе започне јубилејното, десетто издание на манифестацијата „Бела ноќ“. На ова традиционално главноградско случување, зад кое стои Град Скопје, се очекува експлозија од културни настани кои треба да ги анимираат граѓаните се до раните утрински часови.

Скопје во деновите од претстојниот викенд наново ќе биде обоено во бело. На градот по десетти пат ќе му се случи манифестацијата која през годините ги навикна неговите жители (или барем поголемиот дел од нив) да излезат од домовите и да го грабнат своето парче од вообичаено богатата културна трпеза.

Настапот на големите амбасадори и на македонската музика и на сите оние преработки на големите светски музички хитови – тоа е хорот „Перпетум џезиле“ од Словенија кој брои 70 члена и кој вам мислам дека ви е познат по одличниот настап на Охридско лето во 2012 година.

А овојпат, за јубилејот на „Бела ноќ“, лавината настани ќе тргне од Националната галерија на Македонија каде, во 20 часот, ќе биде отворена изложбата „Столетие, Василие Поповиќ – Цицо (1914 – 2014)“. На оваа постановка посветена на основоположникот на македонската сценографија, карикатурист и сликар, ќе бидат претставени повеќе од 260 дела, меѓу кои и негови лични предмети (акварели, сепии, цртежи, карикатури, сценографски и костимографски скици, реализирани костими...), но и портрети изработени од неговите колеги Димо Тодоровски, Димитар Кондовски и Никола Кочо Фидановски.

Перпетум џезиле

Перпетум џезиле

И, кога веќе ја допираме ликовната сцена, да кажеме и тоа дека во Музеј на град Скопје ќе се случува изложбата „Средновековен фреско-живопис“, во Младинскиот културен центар ќе биде поставена инсталацијата „Бело за бела ноќ“ на Атанас Атанасов, во галеријата „Грал“ - „Во срцето на Балканот – раката гледа“ - изложбата на Глигор Чемерски по повод неговото прогласување за почесен член на Руската академија на уметности, во галерија „Арте“ - „Боите на Македонија“, во Домот на култура „Кочо Рацин“ постановката „Патишта“ зад која стои балканската група „Турборенесанса“ ...и така со ред. На неколку локаци низ градот ќе бидат поставени инсталации во простор меѓу кои оние на словенечката група „Колектива“ на улица „Македонија“, на Пино и компанијата од Хрватска пред платото на Домот на АРМ, ќе погледнеме и дела на уметници од Јапонија, Велика Британија, Франција, Австрија и други земји...а во кино „Фросина“ работилница ќе одржи Стрип центар Велес.

Покрај ова на мостот „Око“ ќе се случи промоцијата на„ Антологијата на љубовна поезија“, во Паркот на литературата во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ - поетско музички перформанс, а на платото пред Чифте амам ќе биде изведен „Re:Volt#4:Ум Заум #2“ во режија на Стефан Сидовски и со музика на Александар Пејовски.

Музиката, пак, во дослух со јубилејот, жанровски разновидна ќе пулсира дури на десет различни сцени.

изложбата „Столетие, Василие Поповиќ – Цицо (1914 – 2014)“, дел од манифестацијата „Бели ноќи“ во Скопје.

изложбата „Столетие, Василие Поповиќ – Цицо (1914 – 2014)“, дел од манифестацијата „Бели ноќи“ во Скопје.

„Она што би сакал како посебеност да го издвојам е случувањето на плаоштадот Пела каде ќе биде настапот на големите амбасадори и на македонската музика и на сите оние преработки на големите светски музички хитови – тоа е хорот „Перпетум џезиле“ од Словенија кој брои 70 члена и кој вам мислам дека ви е познат по одличниот настап на Охридско лето во 2012 година. Станува збор веројатно за најпосетуваниот хор на „Јутјуб“ чии одредени песни бројат милиони и милиони преслушувања“, ќе забележи во пресрет на случувањето Златко Стефковски, директор на Младинскиот културен центар.

Сепак, наспроти неговите зборови не смее да се заборави дека на сцената на плоштад „Карпошово востание“ публиката ќе има можност да ги види и чуе Тони Китановски со Биг бендот при Музичката академија на универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Мухамед Ибрахими, саксафонистот Иван Иванов со неговиот квинтет, СОФИЈА ЏЕЗ ФОРМАЦИЈА..., дека на Школка во Градски парк ќе бидат ПРОПО 88 и БЛАБЕР МАУФ од Холандија и други, во клубот „Кастро“ ПРОЦЕС од Србија и СЕЛЕКТОР ЛЕЈЗИ ФЕЈС од Бугарија, на платото пред МКЦ – СИЛИ БОЈ од соседна Грција и нашите ФУЛИШ ГРИН, во спомен куќата „Мајка Тереза“ - Женскиот младински хор и „Про Арс“ со кои ќе диригира Сашо Татарчевски....

Конечно, во киното „Милениум“ ќе се одвива 24-часовниот филмски маратон, а автобусите на ЈСП на 4 октомври, почнувајќи од 19 часот, бесплатно ќе ги превезуваат патниците кон центарот на градот.

  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG