Достапни линкови

Русија ќе одликува 30 ветерани од Втората светска војна


Морнар на брод кој бил дел од арктичкиот конвој, декември 1941.

Морнар на брод кој бил дел од арктичкиот конвој, декември 1941.

Руската амбасада во Велика Британија денеска ќе одликува 30 ветерани од Втората светска војна за нивната улога во транспортот на резерви кои биле клучна за Русија.

Медали ќе добијат луѓе кои биле дел од арктичкиот конвој. Слична церемонија се одржа во руската амбасада и на 30 септември кога беа одликувани 53 ветерани.

Помеѓу 1941 и 1945 година, 78 сојузнички конвои пренеле преку 4 милиони тони муниција и други потребни работи во СССР. Повеќе од 1.400 трговски и поморски бродоби биле дел од конвојот кој им пркосел на тешките услови и германските напади. Повеќе од 3.000 луѓе кои биле дел од тие конвои загинале за време на војната.

XS
SM
MD
LG