Достапни линкови

Нов заболен од ебола на лекување во Германија


Лекар од Уганда заболен од ебола е пренесен во Германија на лекување. Германските власти соопштија дека тој денеска бил евакуиран од Сиера Леоне, каде што се грижел за пациентите заразена од смртоносниот вирус. Пациентот ќе биде третиран во изолирано одделениа на Универзитетската болница во Франкфурт.

Најмалку 3.300 луѓе од Гвинеја, Сиера Леоне и Либерија починаа досега од ебола. А случајот во САД ја зголеми загриженоста дека еболата може да се шири и на глобално ниво. Минатата недела беше пријавен првиот случај на заразен човек од ебола во САД.

XS
SM
MD
LG