Достапни линкови

logo-print

Иванов - Грција ја губи меѓународната поддршка за името


Mакедонскиот претседател Ѓорге Иванов изјави дека Грција ја губи меѓународната поддршка во однос на спорот за името.

„Грците реагираат нервозно. Изјавата на Венизелос укажува дека Грците веќе имаат некој страв, имаат некое чувство дека многумина веќе не им веруваат“, рече Иванов во интервју за Телевизија Сител, осврнувајќи се на грчките реакции по неговиот настап во ОН.

Во однос на престојниот извештај на ЕК за напредокот на Македонија, шефот на државата смета дека извештајот нема да биде негативен, но ќе има забелешки за политичкиот дијалог, институционалното функционирање и неколку други.

За неучеството на ДУИ во националниот Совет за безбедност, тој напомена дека оваа партија треба да даде одговор на јавноста зошто цели пет месеци не пријавиле никаков интерес да делегираат свој човек во Советот за безбедност.

XS
SM
MD
LG