Достапни линкови

Киев вели дека Јанукович добил руско државјанство


Украинските власти велат дека поранешниот претседател Виктор Јанукович и други поранешни високи функционери добиле руско државјанство. Антон Херашченко, помошник на украинскиот министер за внатрешни работи, денеска на фејсбук напиша дека рускиот претседател Владимир Путин потпишал „таен декрет“ со кој им се доделува руско државјанство на Јанукович, на поранешниот премиер Микола Азаров, поранешниот Јавниот обвинител Виктор Пшонка и членовите на нивните семејства.

Украина започна кривична истрага против тројцата поранешни високи функционери, обвинувајќи ги за убиство на невооружени демонстранти. Тројцата избегаа од земјата во февруари. Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков одби да ја коментира изјавата на Херашченко. А нема коментари и од руската Федерална служба за имиграција.

XS
SM
MD
LG