Достапни линкови

logo-print

Деветнаесет години од атентатот врз Глигоров


Првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров.

Првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров.

Пред 19 години на 3 октомври беше извршен неуспешен атентат врз првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров. Тој го преживеа атентатот со тешки повреди во главата.

На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Останува непознато кој стоел зад атентатот. Истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Истрагата утврди дека атентатот бил добро подготвен и организиран..

Нападот беше извршен со автомобил-бомба на 3 октомври 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје.

Киро Глигоров почина на 1 јануари 2012 година на 94 години.

XS
SM
MD
LG