Достапни линкови

logo-print

В недела вонредни избори во Бугарија


Во Бугарија в недела ќе се одржат вонредни парламентарни избори, втори од тој вид во изминатите 17 месеци.

Според анкетите, „Граѓани за европски развој на Бугарија“(ГЕРБ) имаат најмногу шанси за победа додека на второ место може да бидат социјалистите, а трето турската малцинска партија Права и слободи.

Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов беше премиер на државата од 2009 година кога се случија масовни протести против сиромаштијата и високите цени на енергенсите и тој во 2013 година си поднесе оставка.

На предвремените избори во 2013 година ГЕРБ повторно победи, но Борисов не оформи влада. Влада формираа Социјалистите и МРФ чиј премиер беше Пламен Орешарски. Владата на Орешарски траеше 14 месеци.

Бугарија е најсиромашна членка на ЕУ во која просечната плата е околу 400 евра. Неодамна спроведена анкета укажува дека граѓаните сметаат оти ситуацијата во државата е „неподнослива“ (69 отсто), а 60 отсто веруваат дека изборите ќе ги променат работите.

XS
SM
MD
LG