Достапни линкови

Лукашенко подготвен да испрати мировници во Украина


Белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека земјата е подготвена да испрати мировни сили во соседна Украина, каде што владините сили се борат против про-руските сепаратисти.

Во телезициско интервју, тој вели дека „Ако е потребно. Но за мене ова ќе биде многу опасно и страшно, да ги ставам моите војници во опасност. Ако Русите и Западот не си веруваат меѓу себе и има недоверба меѓу завојуваните страни, моите војници би се ставиле во опасност.“

Лукашенко, исто така, рече дека тој предложил мировен план со што би се испратиле белоруски мировните сили на терен, но тој план бил отфрлен од сите страни.

XS
SM
MD
LG