Достапни линкови

Велика Британија секогаш ќе биде силен партнер на Авганистан


Британскиот премиер Дејвид Камерон и авганистанскиот претседател Ашраф Гани.

Британскиот премиер Дејвид Камерон и авганистанскиот претседател Ашраф Гани.

За време на ненајавената посета на Кабул, британскиот премиер Дејвид Камерон вети дека Велика Британија секогаш ќе биде „силен партнер и добар пријател“ на Авганистан.

Камерон е прв од светските лидери кој се среќава со новиот претседател Ашраф Гани. На заедничката прес-конференција со Гани, Камерон ја повика новата влада на национално единство да ја обедини земјата и да овозможи земја без корупција и добро владеење на целата територија на државата.

Гани им оддаде почит на странските војници кои загинаа во борбата во Авганистан.

XS
SM
MD
LG