Достапни линкови

Македонско-чешката економска соработка може да се продлабочува


Премиерите на Македонија и Чешка, Никола Груевски и Бохуслав Соботка, преку бизнис форум во Прага, испратија порака дека вратите за македонско-чешка економска соработка се ширум отворени.

Двајцата премиери го отворија Бизнис форумот за трговски и инвестициски можности на чешките компании во Македонија, на кој присуствуваа претставници на повеќе од 50 компании.

„Во последните 10 години прометот на чешко-македонската трговија порасна за 20 пати, а особено е добро што многу чешки фирми се успешни на македонскиот пазар и постои потенцијал за уште поголема взаемна соработка“, вели Соботка.

Тој вели дека е убеден оди чешките фирми можат да успеат во многу области, притоа посочувајќи пред се на гасоводната инфраструктура и модернизацијата на сообраќајната мрежа.

Груевски вели дека постои простор за натамошно унапредување на економските односи, особено на полето на инвестициите од фирми кои размислуваат да го прошират својот бизнис надвор од границите на Чешка.

Форумот се организираше во соработка со Конфедерацијата за индустрија и сообраќај на Чешката Република и чешкото Министерство за индустрија и трговија.

XS
SM
MD
LG