Достапни линкови

Иран - Турција да не ја влошува ситуација во регионот


Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф ја предупреди Турција на влошување на ситуацијата на Блискиот исток по одлуката на Анкара за воена интервенција во Сирија и Ирак.

Во телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу, Зариф го критикуваше избраниот метод за борба со тероризмот и изрази загриженост од каквибило акции што би ја влошиле ситуацијата.

Турскиот Парламент вчера со големо мнозинство усвои Резолуција со која го одобри предлогот на Владата за давање мандат на армијата за прекугранични операции во Сирија и Ирак против припадниците на џихадистичката група Исламска држава почнувајќи од 4 октомври.

XS
SM
MD
LG