Достапни линкови

Камерон ненајавено пристигна во Кабул


Британскиот премиер Дејвид Камерон без најава допатува во Кабул на средба со лидерите на новата авганистанска влада на национално единство. Камерон пристигна во претседателската палата во Кабул изутрината но нема натамошни информации.

Неговата посета доаѓа четири дена откако новиот претседател Ашраф Гани положи свечена заклетва на функцијата по неколку месеци на политички превирања по спорните избори. По САД, Велика Британија е втора земја по големина контрибутор во меѓународната воена коалиција, која е во Авганистан од американската инвазија во 2001 година.

XS
SM
MD
LG