Достапни линкови

Осло ја повлече кандидатурата за ЗОИ 2022


Главниот град на Норвешка Осло ја повлече кандидатурата за организација на Зимските олимписки игри 2022 година.

Причина за ваквата одлука на скандинавската земја е одбивањето на Конзервативната партија да даде поддршка за финансиската понуда.

Осло важеше за голем фаворит за добивање на организацијата на ЗОИ 2022 по успешно организираните игри во оваа земја пред 20 години во Лилехамер.

Во трката за добивање на Игрите во 2022 година се и Пекинг и Алмати.

XS
SM
MD
LG