Достапни линкови

Турскиот Уставен суд укина дел од законот за контрола врз интернетот


Турскиот Уставен суд денеска укина дел од законот, што ја засилува владината контрола врз интернетот и ги прошируваше надлежностите на Дирекцијата за телекомуникации, јавија турските медиуми.

Законот, што минатиот месец беше донесен од Парламентот и дозволи на Дирекцијата за телекомуникации да може да ги блокира сајтовите без претходна судска наредба, доколку смета дека тоа постои опасност за „националната безбедност и прекршувања на јавниот ред или заради спречување на криминал“.

Оваа одредба од законот предизвика јавно незадоволство и ги засили стравувањата за слободата на говорот. Главната опозициска партија, Републиканската народна партија, од Уставниот суд побара поништување на законот.

XS
SM
MD
LG