Достапни линкови

Дневен печат – НАТО, Русија и името


Архивска фотографија: Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Архивска фотографија: Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Русија смета дека ширењето на НАТО кон Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина може да се смета како провокација за заедничката безбедност во Европа, пишува Утрински весник.

Една интересна вест објавува Утрински, која, според весникот поминала со тотален молк кај македонските државно-владини институции: „И Македонија стана дел од играта на големите“, насловува Утрински за да појасни дека станува збор за изјавата на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, дека потенцијалното ширење на НАТО кон Македонија, Црна Гора и БиХ може да биде видено како грешка, а на некој начин и како провокација за заедничката безбедност во Европа.

И Македонија стана дел од играта на големите.

Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Утрински забележува дека ова е драстична промена од руската позиција околу членството на Македонија што сме ја знаеле досега, а која беше на линијата дека Москва не е среќна со проширувањето на Алијансата, но Македонија има право да си ја избира својата стратешка определба.

Атина бара БЈРМ и во пасошите уште пред решение на името.

Затоа, пак, големо внимание кај медиумите, а и кај надлежните предизвика соопштението на грчкото МНР, по средбата Попоски - Венизелос во Њујорк, што овде се толкува како најава за уште поостар став, па Нова Македонија оди со наслов: „Грција прави циркус од меѓународното право“, а Дневник со следниов: „Атина бара БЈРМ и во пасошите уште пред решение на името“.

По седницата на Советот за безбедност кај претседателот Иванов, која помина без член на ДУИ, Вечер е сигурен: „Македонија реши како ќе се бори против исламскиот радикализам“, а во врска со оваа опасност, Нова Македонија го пренесува германски Шпигел кој предвидува: „Исламската држава најголема закана за Турција - доколку ИД успее да воспостави контрола врз регионот, калифатот би можел да биде нов турски сосед, што е кошмарно сценарио за Европа, но и за Анкара“.

На домашната сцена без промени: по одложувањето на штрајкот, Слободен печат прашува: „Дали и на СОНК му ја скршија кичмата?“, за да констатира: „Власта притиска без милост, синдикалците попуштаат без борба - Пред истребување сите форми на општествен отпор“.

Во еден број, Утрински реагира на напливот субкултурни телевизиски програми од соседна Србија: „Цеца се одомаќини на македонските телевизии - Ѕвездите на ’Гранд‘ и на Пинк на програмата на Канал 5 и на Алфа. Каква порака им се испраќа на младите?“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG