Достапни линкови

Рекорден пад на европските акции


Марио Драги

Марио Драги

Европските акции денеска паднаа нагло што е најголем дневен пад во проценти за 18 месеци. Причината ,пред се, лежи во разочараноста што Европската централна банка даде помалку детали за својот план да го откупи обезбедениот долг.

Претседателот на Европската Централна Банка Марио Драги изјави дека банката ќе почне да купува обврзници во средината на октомври, како и хартии од вредност во одреден момент во четвртиот квартал од годината.

ФТСЕурофист 300 индексот на водечките европски акции условно затвори за 2,2 проценти пониско на 1,337.44 поени, што е најголем еднодневен пад во проценти за седум месеци, додека италијанскиот ФТСЕ MIB индекс падна за 3,9 проценти на 19,894.88, со најголем процентен пад од почетокот на 2013 година.

XS
SM
MD
LG