Достапни линкови

Исламскиот Совет во Таџикистан бара да не се соработува со критичарите на власта


Таџикистански невладини организации и независни новинари изразија загриженост со наредбата на Советот на Таџикистанските исламски свештеници и забраната за муслиманите да сорабуваат со она што Советот го смета како дестабилизирачки медиуми кои ја критикуваат владата.

Во наредбата објавена во џамиите за време на петочната молитва на 26 септември се вели дека е "голем грев" за муслиманите да се вклучат во било непријателска активност и да соработуваат со медиум, политичка група, како и локална или странска организација чија цел е дестабилизација на Таџикистан.

Таџикистан е секуларна држава, има неколку регистрирани политички партии, и гарантира слободата на говорот според уставот. Марат Мамашадов главен уредник на веб порталот вести Катодеј за Радио Слободна Европа изјави дека таџикистанското обвинител мора да му даде своја оценка за оваа наредба на исламскиот Совет.

XS
SM
MD
LG