Достапни линкови

logo-print

Татарстан осуди членови на исламистичка организација


Протест на припадници на иламистичка организација Хизб ут-Тахрир.

Протест на припадници на иламистичка организација Хизб ут-Тахрир.

Судот во руската Република Татарстан осуди четворица припадници на забранета исламистичка организација Хизб ут-Тахрир на најмалку една година затвор под обвиненија за врбување нови членови и за ширење литература што поттикнува омраза. Руската истражна комисија денеска соопшти дека четворицата мажи, на возраст од 35 до 40 години, регрутирале нови членови на организацијата во градот Чали и лепеле постери и делеле летоци „со кои се повикува на верска омраза и насилства“. Сунитската политичка организаци Хизб ут-Тахрир е со седиште во Лондон. Таа има цел да ги обедини сите муслимани во исламски калифат. Рускиот врховен суд ја забрани организацијата во 2003 година, прогласувајќи ги нејзините членови и симпатизери за „екстремисти“.

XS
SM
MD
LG