Достапни линкови

Не се користат средствата од ИПА фондовите, обвинува СДСМ


Опозициската СДСМ денеска ја обвини Владата за мешање на државни со партиски активности и за некористење на европските пари од ИПА инструментот.

Лидија Димова, претседателка на Комисијата за европски прашања на СДСМ, вели дека замениците министри за информатичко општество и администрација и за правда, од центарот на комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, зборувале за сработено во 100 дена од Владата и за користење европски пари од ИПА инструментот. Димова додава дека власта им ја искратува информации дека парите од ЕУ не се користат доволно

„Кога Владата ќе им каже на граѓаните дека неповратно се изгубени 15,5 милиони евра од ИПА фондовите? Исто така, 18 милиони евра од ИПАРД агенцијата во Македонија се дадени на Светска банка за да не се изгубат“, рече Димова.

Според неа, решението е во Програмата на СДСМ од каде предложиле ИПА средствата да бидат достапни за европеизација на општеството.

XS
SM
MD
LG