Достапни линкови

logo-print

Путин - Западни санкции нема да го запрат економскиот развој


„Неоправданите“ западни санкции нема да го запрат развојот на економијата во Русија, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Тој на економски форум пред потенцијалните инвеститори, изјави дека Русија останува посветена на развој на економијата, која е „силна, растечка, слободна и отворена кон светот“.

Можностите за странски инвеститори во Русија се намалени поради западните санкции.

Путин рече дека Русија има за цел активно да ја употребува националната валути во трговските договори со Кина и другите земји, што значи дека ќе се држи подалеку од американскиот долар.

Путин, исто така, рече дека државата е подготвена да ги поддржи економските сектори и компании кои се погодени од санкциите.

XS
SM
MD
LG