Достапни линкови

Путин се надева дека изборите во Украина ќе донесат стабилност


Рускиот претседател Владимир Путин изрази надеж дека парламентарните избори во Украина закажани за овој месец ќе донесат стабилност во земјата.

Путин изјави дека економската и политичката стабилност во Украина се во интерес на Русија. Тој додаде дека Москва сака „предвидливи“ и „сигурни“ односи со Украина. Изборите за украинскиот парламент (Врховната Рада), се закажани за 26 октомври.

XS
SM
MD
LG