Достапни линкови

Експлозија во фабрика во Бугарија, најмалку 15 жртви


Најмалку 15 луѓе загина при експлозија во фабрика за муниција во Бугарија, соопштија тамошните власти. Според нив, загинале 13 мажи и две жени во експлозијата во фабриката во градот Горни Лом. Експлозијата била толку моќна што направила кратери. Според бугарските власти причина за несреќата веројатно е „човечка грешка“.
Фабриката во Горни Лом произведува експлозиви за цивилна употреба и демонтира застарена муниција. Бугарската влада прогласи ден на жалост за жртвите од несреќата.

XS
SM
MD
LG