Достапни линкови

Украинци мамеле за американска зелена карта


Украинските власти во соработка со американските, уапсија група луѓе вклучени во измама со американска зелена карта. Украинското Министерството за внатрешни работи соопшти дека групата ги користела личните податоци на украинските граѓани кои добиле престој во САД преку лотарија, како и податоците од разновидни имигрантската виза, без нивно знаење. Групата ги пробивала кодовите на добитниците, а потоа им ги продавала на други луѓе и по цена до 12 илјади долари. А тие што не биле во можност да платат, морале да им го отстапат својот имот на групата. Потоа новите добитници во САД се судирале со вистинките добитници, по што првите остануваат без документи и се принудени да работат ниско платена работа.

Групата измамници брои 10 луѓе кои оперирале на териротирјата на западниот град Тернопил.

XS
SM
MD
LG