Достапни линкови

Соботка - Чешка ја поддржува Македонија за влез во ЕУ и НАТО


Чешкиот премиер Бохуслав Соботка.

Чешкиот премиер Бохуслав Соботка.

Чешка е подготвена целосно да ја поддржи Македонија при нејзините подготовки за влез во ЕУ и НАТО, истакна чешкиот премиер Бохуслав Соботка по средбата со премиерот Никола Груевски кој престојува во официјална посета на Прага. Чешкиот премиер вели дека Македонија може да го искористи чешкото искуство за членството во ЕУ и имплементирањето на европското право и стандардите на Унијата.

Според него, пристапот кон евроинтеграциите на земјите од Западен Балкан и северноатлантските структури Чешка го гледа како пат кон стабилност и просперитет во цела Европа.

Премиерот Груевски рече дека Македонија високо ја цени чешката поддршка за што поскоро отпочнување на пристапните преговори за членство на Македонија во ЕУ. Груевски и Соботка се согласни дека има голем потенцијал за економска соработка во двете насоки.

Двајцата премиери, на заедничката прес-конференција, позитивно ги оценија меѓусебните билатерални и мултилатерални односи.

Во рамки на официјалната посета во Прага, премиерот Груевски ќе има средба и со претседателот на Чешка, Милош Земан. Предвидена е и посета на универзитетската болница Мотол и потпишување меморандум за разбирање.

XS
SM
MD
LG