Достапни линкови

Aнтикорупциска се занимава со ситни риби и бивши функционери


Архивска фотографија - Презентирани резултати од истражувањето за перцепцијата на граѓаните за корупцијата во локалната самоуправа на јавна дебата во Скопје. Амбасадорот на ОБСЕ, Ралф Брет и претседателот на Антикорупциската комисија Ѓорѓи Сламков.
Архивска фотографија - Презентирани резултати од истражувањето за перцепцијата на граѓаните за корупцијата во локалната самоуправа на јавна дебата во Скопје. Амбасадорот на ОБСЕ, Ралф Брет и претседателот на Антикорупциската комисија Ѓорѓи Сламков.

Државната комисија за спречување на корупцијата да почне да се занимава со сериозни теми, наместо да поднесува иницијативи за поранешни функционери, порачуват антикорупционерите.

Стручњаците ја повикуваат Државната комисија за спречување на корупцијата да почне да се занимава со сериозни теми, наместо да поднесува иницијативи за поранешни функционери.

Тие третирале и повеле постапки за некои навистина маргинални случаи, кои јавноста дури и не ги препознава, не ги знае, не слушнала за нив, тоа е нешто ситно со кое секојдневно треба да се занимава и тоа не го ни заслужува вниманието на јавноста.
Драган Малиновски, поранешен антикорупционер.

Поранешниот антикорупцинер Драган Малиновки укажува дека последните инцијативи на Комисијата доставени до Основното јавно обвинителство за поведување постапки за кривично гонење на неколку поранешни функционери не придонесуваат за активна борба против корупцијата. Иницијативите се за двајца поранешни градоначалници на Арачиново, поранешен претседател на Советот за радиодифузија и за двајца директори.

Претседателот на Антикорупциската комисија Ѓорѓи Сламков.
Претседателот на Антикорупциската комисија Ѓорѓи Сламков.

„Пред се мислам на нивото на постапување, како што гледаме тие третирале и повеле постапки за некои навистина маргинални случаи, кои јавноста дури и не ги препознава, не ги знае, не слушнала за нив, тоа е нешто ситно со кое секојдневно треба да се занимава и тоа не го ни заслужува вниманието на јавноста“, вели Малиновски.

Навистина има работи и ако сака може тоа да го стори, е сега останува на јавното обвинителство да одговори и да покрене кривична одговорност за тие лица, меѓутоа се покажува дека тој механизам воопшто не функционира.
Ана Јаневска Делева, Транспарентност Македонија.

Ана Јаневска Делева од Транспарентност Македонија ја повика Комисијата да ги погледне извештаите на Државниот завод за ревизија кои се однесуваат на ресорните министерства.Таа потсетува дека во сите извештаи за кои е направена ревизија има видливост дека е присутна корупцијата.

„Има видливост дека навистина во тие министерства е присутна корупцијата, почнувајќи од јавни набавки, да до договори за вработени. Навистина има работи и ако сака може тоа да го стори, е сега останува на јавното обвинителство да одговори и да покрене кривична одговорност за тие лица, меѓутоа се покажува дека тој механизам воопшто не функционира“, вели Делева.

Основното прашање е каде е Комисијата наспроти случувањата кои сериозно ги нарушуваат економските текови и функционирањето на правото. Неколку години наназад имаше повеќе крупни сличаи, но за Малиновски најмаркатнтни се случувањата поврзани со проектот 2014 каде беа презентирани многу факти околу начинот на изведување транспарентноста и законитоста на донесените акти, а сето оваа не доживеа прилика адекватно да биде третирана од комисијата.

„Впрочем ние немаме никаков став на Комисијата тука. Барем да кажеа – во ред е, таму е се чисто и ќе знаевме што е што, вака едноставно се молчи во однос на тоа. Продолжуваат денеска и невладини организации кои се јавуваат како финансиери на споменици, кои по своето работење се директно во надлежност на Комисијата за да бидат истретирани.“

Државната комисија за спречување на корупцијата е секогаш на мета на опзицијата која ја критикува дека работи како продолжена рака на власта.

Од комисијата пак деновиве посочија дека до август годинава поднеле 50 барања до УЈП за испитување на имотна состојба и дека биле отворени предмети и за власта и за опозицијата.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG