Достапни линкови

ОН - Во Ирак има воени злосторства


Милитантите на Исламската држава и други вооружени групи извршиле „неверојатен“ број на прекршувања на човековите права и акти на насилство во северен Ирак, кои би можеле да бидат воени злосторства, стои во извештајот на ОН.

Во заедничкиот извештај на Мисијата на ОН за помош на Ирак и Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на ОН, објавен денеска се наведуваат низа на сериозни повреди на меѓународното право и злоупотреби сторени во периодот од 6 јули до 10 септември.

Прекршоците вклучува масовни егзекуции, киднапирање на жените и девојките за сексуални робови и користење на деца како борци.

Во извештајот, исто така, се наведува дека воздушните напади на ирачката влада предизвикале „значаен“ број на цивилни жртви, особено во западната провинцијата Анбар.

Во извештајот стои дека речиси 10 илјади лица загинале во Ирак од страна на исламистите во септември, а повеќе од 1,8 милиони Ирачани ги напуштиле своите домови.

XS
SM
MD
LG