Достапни линкови

Национална кампања за чистота во Индија


Индискиот премиер Наренда Моди со метла во рака ја започна националната кампања за подигање на свеста за чистота и подобри санитарни услови во Индија. Моди го исчисти патот во сиромашен кварт во главниот град Њу Делхи, за старт на петгодишната кампања за чистота. Почетокот на кампањата се совпадна со годишнината од раѓањето на Махатма Ганди.


Преку чистење на паркови, јавни згради и улици ќе се информираат луѓето за врската меѓу канализација и јавното здравје. За време на кампањата ќе се градат и тоалети.


Помалку од една третина од вкупно 1,2 милијарди жители на Индија имаат пристап до канализација, а половина од населението се уште има полски тоалети, со што постои ризик од болести како колера, дијареа и дизентерија.

XS
SM
MD
LG