Достапни линкови

Двоен бомбашки напад во Хомс -Сирија


arhiva

arhiva

Сириската државна новинска агенција и „Сириската Обсерваторија за човекови права“ со седиште во Британија, јавија дека најмалку 39 луѓе, меѓу кои 30 деца, се убиени во двоен напад со автомобили бомби во близина на училиште и болница во градот Хомс во централна Сирија.

Се јавува и за многу ранети во оваа област контролирана од владините сили. Засега никој не ја прифати одговорноста. Слични напади вршеа сириските бунтовници во минатото.

Во меѓувреме, силите предводени од САД денеска презедоа серија од најмалку 5 напади врз цели на милитантната Исламска Држава кој пак го напаѓаат Кобане, сириски град населен со Курди, во близина на границата со Турција.

XS
SM
MD
LG