Достапни линкови

logo-print

Ердоган - Турција ќе се бори против Исламската држава


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Турција ќе се бори против милитантите на Исламската држава и други терористички групи во регионот, додавајќи дека нејзина цел и понатаму ќе биде соборување од власт на сирискиот претседател Башар ал Асад.

„Ефективно ќе се бориме против ИД и сите други терористички организации во регионот. Тоа секогаш ќе биде наш приоритет“, истакна Ердоган пред Парламентот.

Тој нагласи дека, исто така, „приоритет на земјата останува соборување на сирискиот режим, да се помогне за зачувување на територијалниот интегритет на Сирија и да се поддржи еден уставно парламентарен владин систем, кој ќе ги претставува сите граѓани“.

XS
SM
MD
LG