Достапни линкови

Тбилиси ја повтори желбата за влез во НАТО и ЕУ


Грузискиот премиер Иракли Гарибашвили.

Грузискиот премиер Иракли Гарибашвили.

Грузискиот премиер Иракли Гарибашвили ја повтори желбата на Тбилиси за влез во НАТО и Европската унија. Во своето денешно обраќање до нацијата, тој рече дека главен акционен план на Грузија е да се спроведе Спогодбата за асоцијација со Европската унија, која Тбилиси ја потпиша во јуни. Грузискиот премиер исто така рече дека една од главните цела на земјата е „унифицирање на заедничка татковина преку помирување со нашите браќа Абхазијци и Осетијци“. Гарибашвили зборуваше на втората годишнина од победата на неговата партија на изборите. Опозицијата пак вели дека Коалицијата Грузиски сон која е на власт не успеала да ги исполни своите ветувања за време на последните две години.

XS
SM
MD
LG