Достапни линкови

Столтенберг - Русија е способна да ја дестабилизира Украина


Новиот генерален секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Новиот генерален секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Новиот генерален секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека договорот за прекин на огнот во источна Украина нуди можност, но додаде каде Русија се уште е способна да ја дестабилизира Украина. Столтенберг зборувајќи во Брисел на неговата прва конференција како челник на НАТО, изјави дека НАТО „нема компромис за принципите“ врз кои се потпира Алијансата. Секретарот на НАТО, вели дека Русија мора да се согласи со меѓународното право и да покаже дека ги почитува своите меѓународни обврски. Тој изјави дека се гледа прекршување на прекинот на огнот во Украина. Столтенберг кој е поранешен норвешки премиер, е 13-ти генерален секретар на НАТО. Тој доаѓа на местот на Андерс Фог Расмусен.

XS
SM
MD
LG