Достапни линкови

БиХ ја презема контролата врз своето небо


Авион на Ер Србија на аеродромот во Бања Лука.

Авион на Ер Србија на аеродромот во Бања Лука.

БиХ од денеска и официјално почна да ја презема контролата врз својот воздушен простор, но само на пониските височини, до 10.000 метри, соопштија официјални претставнииц на БиХ.

Обласните контроли на летање во Загреб и Белград и натаму ќе ја вршат контролата на небото во горниот слој, над 10.000 метри. Тоа ќе трае до 1 октомври 2015 година, односно до 13 ноември 2015 година, по што може да се смета дека Босна и Херцеговина ќе го контролира своето небо во полн капацитет, изјави министерот за сообраќај и комуникации Дамир Хаџиќ.

Ова е историски настан за Босна и Херцеговина, бидејќи од прогласувањето на независноста во 1992 година, оваа земја првпат ја презема контролата врз своето небо. Досега оваа работа ја изведуваа контролите на летење од Загреб и Белград. Исто така, со преземањето на контролата враз сопственото небо државата ќе остварува значајни приходи од оваа дејност.

XS
SM
MD
LG