Достапни линкови

logo-print

Бомбашки напади во Хомс, најмалку 18 жртви


Архивска фотографија, Хомс, април 2014.

Архивска фотографија, Хомс, април 2014.

Најмалку 18 луѓе, меѓу нив и деца, загинаа во два напади со автомибил бомби во близина на училиште и на болница во сирискиот град Хомс, јавија сириската државна новинска агенција и Опсерваторијата за човекови права со седиште во Лондон. Од Сириската опсерваторија за човекови права, велат дека во нападите се повредени 40 луѓе. Таа област е конторлирана од владата. Опсерваторија ја следи граѓанската војна во Сирија преку мрежа од извори на терен. Засега никој не презеде одговорност за нападите.

XS
SM
MD
LG