Достапни линкови

Баросо го предупреди Путин за трговскиот договор меѓу ЕУ и Украина


Шефот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо вели дека трговскиот договор меѓу ЕУ и Украина, единствено може да го сметнат Брисел и Киев, не и Москва.

Тој овие забелешки денеска писмено му ги испратил на рускиот претседател Владимир Путин .

Украинскиот парламент го ратификуваше договорот со ЕУ минатиот месец, но спроведувањето на трговскиот дел од договорот беше одложено до јануари 2016 за да се смири Русија. Русија вели дека договорот ќе им наштети на нејзините пазари.

Москва повика на измени на договоорт и се закани дека ќе и забрани на Украина пристап на рускиот пазар, ако Киев го спроведува договорот.

XS
SM
MD
LG