Достапни линкови

Следната средба за името до крајот на годината


Посредникот во разговорите за спорот за името, амбасадорот Метју Нимиц, министерот за надворешни работи Никола Попоски и преговарачот Васко Наумовски.

Посредникот во разговорите за спорот за името, амбасадорот Метју Нимиц, министерот за надворешни работи Никола Попоски и преговарачот Васко Наумовски.

Соединетите Држави се наш најважен стратешки партнер и сојузник и за време на својот мандат ќе работам на продлабочување на тие односи, рече денеска Васко Наумовски, новиот амбасадор во Вашингтон, на денешното преставување на својата платформа во Собранието. Освен шеф на дипломатската мисија во Вашингтон, тој ќе биде и претставник на Македонија во разговорите за разликата околу името, што се водат во Обединетите нации. Наумовски изјави дека следната средба меѓу претставниците на двете страни би требало да се одржи до крајот на годината.

„Во овие разговори Република Македонија настапува со јасно изразена волја да се надмине таа разлика што постои во однос на името. За жал впечаток е дека кај другата страна во овој момент постои еден недостиг на мотивација за надминување на оваа разлика, но и покрај тоа ние ќе продолжиме да разговараме со нашите соседи“, изјави денеска Васко Наумовски.

Наумовски рече дека за време на својот мандат акцент ќе стави на економските и политичките односи, а како најважни активности ги истакна – привлекувањето на директни странски инвестиции, соработката во областа на одбраната и поддршката на македонските иселеници во САД. Исто така рече дека важно е да се започне постапката за безвизен режим со САД. Наумовски доаѓа на местот на Зоран Јолевски, кој беше назначен за министер за одбрана.

XS
SM
MD
LG