Достапни линкови

Полска ќе побара поголемo американското воено присуство


Кандидатката за нов премиер на Полска Ева Копач.

Кандидатката за нов премиер на Полска Ева Копач.

Кандидатката за нов премиер на Полска Ева Копач изјави дека ќе побара поголемo американското воено присуство во земјата. За време на нејзиното инаугурално обраќање денеска во парламентот, таа рече дека односите меѓу Полска и САД сега се поважни поради кризата во Украина. Копач беше предложена за премиер минатиот месец, откако досегашниот премиер Доналд Туск беше назначен за претседател на Европскиот совет.

Таа исто така изјави дека поддржува Полска да го прифати еврото, но дека тоа само може да се случи откако еврозоната ќе зајакне и откако ќе се стабилизира полската економија. Копач ќе го поддржи и договорот за слободна трговија меѓу САД и Европската Унија за кој се преговара. Се очекува таа да ја добие довербата во парламентот каде нејзината партија и нивниот партнер имаат мнозинство.


XS
SM
MD
LG