Достапни линкови

Турција ќе формира нов совет за курдското прашање


Премиерот на Турција Ахмет Давутоглу.

Премиерот на Турција Ахмет Давутоглу.

Турската Влада планира да формира ново тело што подобро ќе го координира процесот, насочен кон решавање на курдскиот проблем во земјата, изјави турскиот вицепремиер Булент Аранч. Советот за координирање на курдското прашање ќе биде со две одделенија - комитет за мировен процес и комисии за координирање. Задача на комисиите ќе биде да изготват планови за дејствие, а комитетот ќе носи решенија врз основа на нивните предлози и ќе го координира процесот. Премиерот Ахмет Давутоглу ќе биде претседател на новото тело, во кој членови ќе бидат вицепремиерите и министрите за внатрешни и за надворешни работи, правда, одбрана, началникот на разузнавањето.

XS
SM
MD
LG