Достапни линкови

Караџиќ - не треба да бидам осуден


Поранешниот водач на босанските Срби, Радован Караџиќ изложувајќи ги последните забелешки на крајот на неговото судење рече дека не треба да биде осуден, но прифаќа морална одговорност за злосторствата извршени од босанските Срби и нивните лидери за време на војната. Караџиќ се соочува со единаесет обвиненија, вклучувајќи и геноцид за масакрот во Сребреница, при што загинаа повеќе од 7.500 муслимански мажи и момчиња во јули 1995 година. Обвинителството наведе дека Караџиќ бил водечка сила во кампањата на геноцид на несрпското население во Босна. Обвинителството побара максимална казна, односно доживотен затвор за Караџиќ.

XS
SM
MD
LG