Достапни линкови

logo-print

Руската војска ќе регрутира Чеченци по пауза од 20 години


Млади луѓе од Чеченија ќе бидат регрутирани во војската во Русија за прв пат после 20 години. Околу 500 мажи на возраст од 18-27 ќе станат дел од армијата оваа есен.

Официјални лица од рускиот Јужен воен округ соопштија дека прават комисии кои ќе почнат да работат во 17 чеченски области и дека првата група на регрути ќе биде испратена до воените единици за 10 дена. Задолжителниот воен рок во Русија е 12 месеци. Чеченците престанаа да одат во руската армија кон крајот на 1994 година, кога Кремљ испрати војска во Чеченија во обид да го собори нивниот сепаратистички лидер.

XS
SM
MD
LG